Москва: Жалење и незадоволство за погубувањето на Хусеин

Русија денеска изрази жалење поради погубувањето на бившиот ирачки лидер Садам Хусеин и загриженост дека неговата смрт би можела да предизвика нова споирала на насилства во Ирак.
„За жал, повторените повици на претставници на различни нации и меѓународни организации до ирачките власти да се воздржат од капиталната казна не беа уважени“, наведува во соопштението портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Михаил Комињин. Камињин укажува дека „егзекуцијата на Садам Хусеин може да води кон натамошно влошување на воената и политичката ситуација и до пораст на етничките и верски напнатости“