Вашингтон: Погубувањето на Хусеин важна етапа кон демократијата

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави рано изутрина дека погубувањето на бившиот ирачки претседател Садам Хусеин е „важна етапа“ за демократијата во Ирак, но призна дека тоа нема да го сопре бранот насилства во таа земја.
„Погубувањето на Садам Хусеин одбележува крај на една тешка година за ирачкиот народ и за нашите војници“, им рече Буш на новинарите на својот ранч во Крафорд во државата Тексас, пренесуваат агенциите.
Буш реќе дека погубувањето на Садам „нема да го сопре насилството во Ирак, но тоа е важна етапа на патот на Ирак кон демократијата“.
Садам Хусеин, осуден на смрт со бесење поради убиството на 148 шиити во 1982 година, погубен е утринава во Багдад, точно во шест часот по локално време.