Прага: Принудно слетување на авион на Аерофлот

Патнички авион на Аерофлот од Москва за Женева принудно слетал во Прага. Новинската агенција ЧТК го цитира шефот на чешката полиција Владислав Хусак, кој изјавил дека станува збор за случај на обид за киднапирање. Според Ројтерс, киднаперот бил ставен ставен под контрола и не бил повреден.