Техеран: Владата да ја преиспита соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија

Иранскиот парламент денеска усвои закон со кој владата во Техеран се обврзува да ја преиспита соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија. До овој закон дојде откако Советот за безбедност на Обединетите Нации одобри санкции против Иран поради неговата програма за збогатување ураниум.