Минск: Белорусија се подготвува за зимата, откако Русија најави дека нема да и испорачува гас

Жителите на Белорусија почнале масовно да купуваат зимска облека и електрични греалки откако Русија најави дека нема веќе да и испорачува гас на таа земја. Имено, Москва најави дека од идната година за два пати ќе ја зголеми цената на гасот што и го испорачува на Белорусија. Од друга страна, владата во Минск соопшти дека нема да и дозволи на руската комапнија Газпром да испорачува гас за Европската Унија преку гасоводите на белоруска територија.