Сомалија: Етиопски авиони го бомбардирале аеродромот во Сомалија

Етиопските авиони денеска го бомбардираа меѓународниот аеродром во Могадишу – Сомалија. Етиопскиот премиер Мелес Зенави објави дека неговите сили во Сомалија се борат на страната на владата подржана од Обединетите Нации која претрпе серија порази од исламските милитанти. Етипските сили и силите на сомалиската влада го завзеле пограничниот град Белет Веине, а судирите со исламските милитанти продолжуваат во неколку соседни градови. Етиопија, влегла во сомалискиот судир за да го заштити својот суверенитет.