Ватикан: Бадниково обраќање на Папата

Папата Бенедикт XVI денеска во рамки на неделната миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан, посветена на католичкиот Бадник, зборуваше за вредноста човековиот живот. „Христовото раѓање ни помага да спознаеме колку вреди човечкиот живот, животот на секој човек, од неговиот прв момент до неговиот природен залез“, изјави папата повикувајќи на почитување на животот во сите негови фази, од зачетокот до природната смрт. „Исус постигна да го создаде секој од нас и не направи браќа“, изјави папата. Бенедикт XVI на полноќ ќе ја предводи божиќната миса во базиликата на Свети Петар, за каде што се планира присуството на околу 8.000 верници.