Лондон: Хитроу четврти ден затворен поради магла

Маглата веќе четири дена го покрива лондонскиот аеродром Хитроу. Десетици илјади патници и натаму чекаат на своите летови, но метеоролозите јавија дека маглата ќе биде присутна до идниот понеделник. Бритиш ервејз ги има суспендирано сите домашни летови. Меѓународните се одвиваат нормално.