Вашингтон: Роберт Гејтс ќе го информира Буш за неговите сознанија од Ирак

Новиот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс, денеска ќе го информира претседателот Џорџ Буш за неговите сознанија од престојот во Ирак. Гејтс не соопшти дали ќе препорача краткорочно зголемување на американските сили во Ирак, опција која деновиве ја најави Буш.