Пекинг: Нема напредок во преговорите за Северна Кореја

6-партитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја завршија денеска во Пекинг без некаков напредок. По разговорите, немаше ни заедничка изјава. Американскиот преговарач Кристофер Хил изјави дека северно-корејската делегација постојано ја менувала темата за разговор, а целта на овие преговори е Корејскиот полуостров да биде без нуклеарно оружје.