Лондон: Стивен Рајт обвинет за убиството на петте проститутки

48 годишниот Стивен Рајт е обвинет за убиството на петте проститутки во англиската област Ипсвич, пренесуваат агенциите. Рајт е обвинет за убиството на сите пет жени. Британската полиција соопшти дека вториот осомничен, по повеќедневни испитувања е ослободен.