Пекинг: Четврти ден од шестпартитните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја

Шестпартитните преговори за контроверзната севернокорејска нуклеарна програма траат веќе четири дена во Пекинг. Американскиот помошник државен секретар Кристофер Хил оцени дека преговорите биле тешки, но оти имало знаци на надеж. Меѓународната заедница се обидува да ја убеди Северна Кореа, со извесни безбедносни и финансиски гаранции, да се откаже од нуклеарната програма.