Лондон: Блер не успеал да има реално влијание врз Белата Куќа

Британскиот премиер Тони блер не успеал да има реално влијание врз Белата Куќа и покрај безусловната подршка на Соединетите Држави, се вели во извештајот на лондонскиот Четхам Хаус тинк тенк институт. И покрај британските жртвувања на воен, политички и финансиски план Блер го потценил својот политички капитал и на тежок начин научил дека на меѓународен план лојалноста малку значи, се вели во извештајот кој наведува и дека мандатот на Блер ќе остане запаметен по грешката на разузнавањето дека Ирак поседува оружје за амсовно уништување што доведе до инвазијата врз Ирак.