Брисел: Граѓаните од ЕУ поделени околу прашањето за брак со лица од истиот пол

Граѓаните на земјите членки на ЕУ се драстично поделени околу прашањето за брак со лица од истиот пол,покажале најновите испитувања на европската агенција Барометар. Во Холандија дури 82 отсто од граѓаните ги подржува ваквите бракови, а во Романија само 11 отсто од нив. Вкупно 44 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека таквите бракови треба да се одобрат, покажале испитувањата.