Газа: Обновени престрелките меѓу ривалските фракции на Хамас и Фатах

Во Појасот Газа денеска беа обновени престрелките меѓу ривалските палестински фракции Хамас и Фатах и покрај тоа што тие објавија примирје. Ескалацијата на насилствата дојде откако Хамас го отфрли повикот на претседателот на палестинската власт Махмуд Абас за предвреми избори на палестинските територии.