Ватикан: Официјална аудиенција на Груевски кај папата Бенедикт 16

Македонска владина делегација, на чело со премиерот Никола Груевски, денеска во Ватикан ќе има официјална аудиенција кај папата Бенедикт 16-ти. На средбата се очекува на папата да му биде предадена покана да ја посети Македонија, а ќе биде побарана и подшка за македонските аспирации за членство во Европската Унија.