Москва: Посета на белорускиот претседател Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко на денешните разговори во Москва, меѓу другото, ќе разговараат и за забелешките како Белорусија ја користи нафтата што ја увезува од Русија. Имено, Путин деновиве изјави дека Москва секоја година губи милијарди долари поради тоа што евтината нафта Белорусија ја препродава на европскиот пазар.