Вашингтон: Нема да се избрзува со промената на политиката во Ирак, изјави Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш по состанокот со претставници на Пентагон изјави дека нема да избрзува околу промената на американската политика во Ирак. Изјавата на Буш доаѓа откако вчера во Ирак загинаа најмалку 30 лица, вклучувајќи и 15 загинати во бомбашки напад во Багдад.