Телавив: Нема промена на државната политика во однос на изјавата дека Израел има нуклеарно оружје

Израелски официјални претставници отфрлаат секаква промена на државната политика по изјавата на премиерот Ехуд Олмерт во која тој посредно признава дека Израел поседува нуклеарно оружје. Имено, во интервју за една германска телевизија Олмерт, во набројувањето на нуклеарните сили во светот како Америка, Франција, Русија го наведе и Израел.