Сантјаго: Погреб на чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче

Во Сантјаго денеска ке биде погребан чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче кој почина во неделата. Чилеанската влада соопшти дека тој ќе биде погребан со сите воени почести, но нема да има државен погреб за поранешен диктатор. Чилеанската и меѓународната група за човекови права изрази жалење поради тоа што Пиноче умрел без да му биде судено за масовно кршење на човековите права, вклучувајќи убиства и тортури. Во времето на неговот владеење проценките се дека биле убиени и исчезнале повеќе од 3000 луѓе.