Њујорк: Средба на претседателката на Координативниот центар за Косово со амбасадорите на ОН

Претседателката на Координативниот центар за Косово и Метохија Санда Рашковиќ Ивиќ денеска ке се сретне со амбасадорите во Обединетите нации, а утре ке учествува на седницата на Советот за безбедност посветена на остварување на стандардите на Косово. На седницата генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ќе го поднесе извештајот во кој се наведува дека понатамошното одлагање на решението за статусот на Косово може да предизвика дополнителна нестабилност.