Багдад: Тројца американски војници загинаа

Тројца американски војници загинале, а двајца биле повредени кога при синоќешното патролирање во северниот дел на Багдад налетале на мина. Од почетокот на војната во Ирак во 2003-та година, досега загинале над 2 илјади и 900 американски војници.