Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на состанокот во Брисел, меѓу другото, ќе расправаат и за иднината на преговорите со Турција поради тоа што Анкара не ја исполни оврската за отворање на пристаништата и аеродромите за сообраќај со Кипар. Европската Комисија препорача делумна суспензија на преговорите со Турција. Конечната одлука ќе биде донесена на самитот на Унијата на 14-ти и 15-ти овој месец.