Вашингтон: Средба Џорџ Буш – Тони Блер

Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер кои се сретнаа во Белата Куќа истакнаа дека е потребен „нов пристап“ кон Ирак. Буш исто така ги отфрли разговорите со Иран и Сирија, за нивно можно вклучување во преговори за стабилизација на ситуацијата во Ирак. Американскиот претседател истакна дека за да се смени политиката кон овие две земји, Иран најпрво мора да го сопре збогатувањето ураниум, а Сирија треба да престане со дестабилизацијата на либанската влада.