Вашингтон: Претседавачите на студиската група за Ирак го повикаа Џорџ Буш и Конгресот на соработка

Ко-претседавачите на студиската група за Ирак Џејмс Бејкер и Ли Хамилгтон, синоќа изјавија дека администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш и Конгресот мора заедно да работат на нова дипломатска и воена стратегија во земјата и покрај нивните разлики. Нивниот извештај беше доставен до американскиот претседател Буш на шести декември, а Хамилтон рече дека ситуацијата е тешка и дека решенијата мора да бидат прагматични, а не идеалистички. Инаку, во повеќе различни напади во Ирак во текот на вчерашниот ден загинаа најмалку 23 лица.