Хавана: Воена парада по повод 80-тиот роденден на Фидел Кастро

Кубанците очекуваат денеска на Плоштадот на републиката во Хавана да го видат нивниот претседател Фидел Кастро. Тој би требало да присуствува на воената парада во рамките на неколкудневната прослава на неговиот осумдесетти роденден. Кастро е роден на тринаесетти август, но прославите беа одложени поради неговата влошена здравствена состојба по што власта му ја предаде на неговиот брат Раул. На прославите присуствуваат илјада и петстотини гости од осумедесет земји, меѓу нив и нобеловецот, писателот Габриел Гарсија Маркес.