Лондон: Сопругата на Литвиненко и италјанскиот академик Скарамела изложени на плутониум 210

Сопругата на отруениот поранешен руски разузнавач Александар Литвиненко, Марина и неговиот контакт, италијанскиот академик Марио Скарамела, биле изложени на радиоактивен полониум двесте и десет, но не се во опасност, јавуваат агенциите. Оваа радиокативна материја била причината за смртта на Литвиненко во минатата недела во универзитетската болница во Лондон.