Бејрут: Втор ден од протестите на илјадници приврзаници на Хезболах

Илјадници приврзаници на Хезболах и неговите просириски сојузници го почнаа вториот ден од протестите во Бејрут со цел да ја натераат прозападната либанска влада да поднесе оставка. Демонстрантите поставиле шатори и ноќта ја минале пред кабинетот на премиерот Фуад Синора, кој одбива да поднесе оставка. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Том Кејси ги обвини Сирија и Иран за поттикнување на протестите против демократски избраната либанска влада.