Скопје: Мајк Зафировски во посета на Македонија

Во посета на Република Македонија денеска ќе престојува Мајк Зафировски, претседател и извршен директор на телекомуникациската компанија "Нортел". За време на престојот тој ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски со кој по пристигнувањето на скопскиот аеродром ќе ја посетат слободната зона Бунарџик. На средбата со премиерот и членови на Владата Зафировски ќе ја образложи програмата „Странски директни инвестиции:стратегија и спроведување„, а ќе го претстави и „Прегледот на проектот Македонија 2025“.