Вашингтон: Ембарго за луксузните производи од Северна Кореа

Соединетите Држави планираат да воведат ембарго за луксузните производи како коњак, пури и коли за Северна Кореа. Овој потег, како што јавуваат агенциите, бил во согласност со санкциите на Обединетите нации воведени откако Пјонгјанг изведе нуклеарна проба. Познато е дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил е љубител на добра капка и добар тутун и оти на неговите најблиски соработници им подарувал скапи автомобили.