Анкара: Продолжува посетата на Папата Бенедикт 16 на Турција

Папата Бенедикт 16 ја продолжува посетата во Турција, со фокус на релациите со православната црква. Се очекува папата и првиот човек на Православната црква, патријархот Вартоломеј да дадат заедничка изјава околу надежите за помирување на спорот меѓу католичката и православната црква, што трае повеќе од 1000 години. Папата Бенедикт ке биде вториот папа, кој по Јован Павле Втори посетил џамија. Во текот на денешниот ден планирана е посета на Плавата џамија во Истанбул.