Брисел: ЕК најверојатно ќе препорача суспензија на преговорите со Турција за членство во ЕУ

Според сеуште непотврдени информации, Европската Комисија денеска ќе пропорача делумна суспензија на преговорите со Турција за членство во Европската Унија. До ова доаѓа два дена откако Унијата соопшти дека пропаднале преговорите со Анкара да ги отвори пристаништата за кипарските бродови. Според царинскиот договор со Европската Унија, Турција е обврзана да ги прима бродовите од грчкиотд дел на Кипар.