Брисел: ЕК бара земјите од ЕУ да сторат повеќе во борбата против смап меиловите

Европската Комисија побара од земјите членки на Европската Унија да се сторат повеќе во борбата против несаканите меилови познати како спам. Во извештајот од Брисел се посочува дека спам меиловите станале исклучително криминални во мамењето на корисниците да дадат лични финансиски податоци. 80 насто од сите меилови во Европа биле спам, соопшти европската комисија барајки да се следи успешниот пример на Холандија која за 85 насто ги скратила овие пораки во последните 3 години.