Вашингтон: Џорџ Буш во посета на Естонија

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе допатува во прва посета на Естонија, од каде што утре ќе замине за летонскиот главен град Рига на дводневниот самит на НАТО. Белата куќа соопшти дека цел на неговото патување е поддршка на слободата и зацврстување на Алијансата.