Кандахар: Во бомбашки напад загинаа двајца војници на НАТО силите

Во самоубиствен напад во Авганистан денеска биле убиени двајца припадници на силите на НАТО распоредни во таа земја. Се прецизира дека војниците биле дел од канадскиот контингент, но не е соопштена нивната националност. Нападот се случил во близина на градот Кандахар, на југот на Авганистан.