Скопје: Посета на членови на Комитетот за заштита на националните малцинства при Советот на Европа

Делегација на членови на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа ќе престојува во дводнeвна посета на Македонија. За време на посетата тие ќе остварат средба со собраниската анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, како и со членовите на Комитетот за односи на заедниците.