Милано: Хоспитализиран поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја помина ноќта во болница, откако вчера за време на одржувањето на својот говор на еден политички собир, се онесвестил. Како што пренесуваат агенциите, докторите кај 70 годишниот Берлускони, дијагностицирале аритмија на срцето, поради што е задржан на 24 часовна болничка нега.