Багдад: Во денешните престрелки убиени 10-мина бунтовници

Американските сили во Ирак соопштија дека денеска во престрелка во близина на Багдад биле убиен 10-мина бунтовници. До судирите дошло откако американските сили извршиле воздушни напади врз една локација каде што се правеле бомби. Било пронајдено големо количество експлозив и оружје. Ирачкиот претседател Џалал Талабани, поради меѓу-верските насилства и полицискиот час во Багдад, ја откажа посетата на Иран.