Минск: Лукашенко призна дека ги фалсификувал изборите во март

Белорускиот претседател Александар Лукашенко призна дека ги фалсификувал резултатите од изборите во март годинава на кои беше реизбран на таа функција. На вчерашната прес конференција тој прецизира дека всушност го намалил бројот на гласовите што ги добил за да бидат пошрифатливи за Западот. ,,Ги фалсификувавме последните избори. Тоа им го кажав и на западните претставници. Над девеесет и три насто гласаа за мене, но тие ми рекоа дека тоа не било европска бројка, па ја намаливме на осумдесет и шест проценти,, рече Лукашенко.