Берлин: Ал Масри добил пари за да молчи?

Германскиот државјанин Халед Ал Масри кој тврди дека ЦИА пред три години го грабнала од Македонија и неколку месеци го држела во затвор во Авганистан, добил пари за да молчи. Ова го изјави поранешниот министер за внатрешни работи Ото Шили пред Комитететот на парламентот во Берлин кој го испитува случајот ал Масри. Шили прецизира дека бившиот американски амбасадор во Германија Даниел Коутс му зборувал за пари со цел да се заташка случајот.