Лондон: Поранешниот руски разузнавач Литвиненко почина доцна синоќа

Поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко, кој пред три недели беше примен во универзитетската болница во Лондон поради труење, почина доцна синоќа. Лекарите изјавија дека не е утврдена причината за смртта, додека лондонската полиција соопшти дека - овој случај се истражува како неразјаснета смрт. Литвиненко , кој беше остар противник на рускиот претседател , Владимир Путин, тврдеше дека се разболел откако во хотелот седел со двајца Руси. Тој го истражуваше убиството на руската новинарка Ана Политковскаја , убиена во Москва на 7 октомври.