Скопје: Премиерот на Унгарија во еднодневна посета на Македонија

Претседателот на Владата на Република Унгарија Ференц Ѓурчањ денеска ќе допатува во официјална посета на земјава. Премиерот Ѓурчањ ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, а ќе се сретне и со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и со македонскиот премиер Никола Груевски.