Вашингтон: Сенатот усвоил резолуција за прием на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО

Пред престојниот самит на НАТО во Рига информација од Вашингтон дека американскиот Сенат едногласно усвоил резолуција во корист на приемот на Хрватска, Албанија и Грузија и Македонија во НАТО, ја пренесува МИА веста на Франс прес. Во актот во кој се вклучени речиси 20 милиони долари безбедносна помош за 4 - те земји , Сенатот соопшти дека е готов да ја го разгледува и влезот на Украина во НАТО. Претседателот на Комисијата за надворешни односи Ричард Лугар изјави дека Нато еволуцијата на алијансата мора да продолжи преку проширување, а приемот ги потикнува новите демократии да прават важни чекори во областа на правната држава и цивилното општество. Пред три години Сенатот гласаше за прием на 7 членки и денеска се меѓу нашите најблиски сојузници, порача Лугар, ургирајки Соединетите Држави да побараат од сојузниците да примат нови членки. Претходно, агенцијата Ројтер од Брисел повикувајки се на дипломатски извори јави дека Хрватска, Македонија и Албанија можат да се надеваат на позитивен сигнал од самитот во Рига, додека разочарани за натамошните чекори кон НАТО ќе биле Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.