Милочер: Во рамки на Игманската иницијатива потпишана заедничка изјава за развој на регионот

Претседателите на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Хрватска Стјепан Месиќ и претседавачот на Претседателството Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, потпишаа заедничка изјава со која целиот регион се обврзува на развој и напредок во насока на придружување кон евроатлантските интеграции. Заедничката изјава е потпишана во рамки на Игманската иницијатива, што се одржа во црногорското летувалиште Милочер.