Багдад: Издаден налог за апсење на сунитот Харит Ал Дари поради потикнување верско насилство во Ирак

Министерот за внатрешни работи на Ирак Џавад Ал Болани изјави дека издал налог за апсење на влијателниот лидер на Сунитската Асоцијација на Муслимани Харит Ал Дари. Министерот Ал Болани зборувајќи на државната ирачка телевизија рече дека Ал Дари, за кого се верува дека е во Јордан, се бара поради поттикнување на тероризам и верско насилство меѓу ирачаните.