Израелското министерство за надворешни работи го отфрли новиот предлог за решавање на кризата на Блискиот исток, подржан од Франција, Шпанија и Италија. Европскиот мировен план кој има за цел решавање на ситуацијата на Блискиот Исток беше објавен вчера од францускиот претседател Жак Ширак и шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро.