Катар: Телевизијата Ал Џазира ќе емитува програма и на англиски јазик

Катарската телевизија Ал Џазира денеска почнува да емитува програма на англиски јазик. Оваа телевизија која е позната како арапски Си Ен Ен сепак, како што јавуваат агенциите, ќе има само делумен пристап на американскиот медиумски простор, бидејќи тамошните власти не дозволуваат кабелско емитување на нејзината програма.