Анкара: Тридневна посета на македонскиот претседател Црвенковски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски од денеска е во тридневна официјална посета на Турција на покана на претседателот Ахмет Неџет Сезер. Покрај средбите со државниот врв на Турција, Црвенковски ќе ги посети стопанските комори и берзи каде ќе разговара за можностите за потикнување на економската соработка. Црвенковски ќе се сретне и со турските иселеници од Македонија.