Багдад: Четворица Ирачани загинаа во експлозија на автомобил бомба

Четворица Ирачани загинаа а еден е повреден во експлозија на бомба поставена покрај пат во источниот дел на Багдад. Во меѓувреме во ирачката престолнина одекна уште една силна експлозија чија цел била американски конвој. Зсега нема информации за жртви. Полицијата соопшти дека во различни делови на источен Багдад се пронајдени пет тела сите со врзани очи и нозе. На телата имало траги на измачување, а полицијата претпоставува дека тие биле жртви на криминални групи кои ги киднапираат своите противници од шиитската или сунитската заедница. Во Ирак вчера се убиени или најдени мртви вкупно 52 лица. Петмина од нив биле ирачки војници, пронајдени обезглавени.