Москва: Референдум за независност и претседателски избори во Јужна Осетија

Референдум за независност на Јужна Осетија се одржува денеска во грузиската сепаратистичка област напоредно со избороте за претседател на непризнаената република. Прашањето на референдумот е “Дали поддржувате или не Јужна Осетија да го зачува сегашниот статус на независна држава и да биде признаена од меѓународната заедница, изјави претставник на властите во Цхинвали. Во меѓувреме Грузија ги прекина телефонските врски со Јужна Осетија. Фиксната и мобилната телефонија со меѓународен роаминг нема да може да се користи од страна на новинарите и набљудувачите во самопрогласената република. Само мобилната мрежа “Мегафон“ работи непрекинато, која што беше обновена вчера по четиридневниот прекин. Централната избирачка комисија (ЦИК) соопшти оти ситуацијата е под контрола, откако сите набљудувачи и членови на ЦИК се снабдиле со мобилни телефони со броеви на “Мегафон“ а високопланинските села имаат сателитска комуникација.